Нови цени за превоз на ученици во Делчево

Општина Делчево донесе нов ценовник за линиски превоз во кој спаѓа и транспорт на учениците. Новите цени кои беа претставени пред делчевските советници, како што истакна градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, се резултат на тоа што превозниците не пројавиле интерес да вршат превоз по стари цени.
 
-По објавениот тендер кој го имавме немаше заинтересирани превозници, моравме да пристапиме кон зголемување на цените, односно промена на одлуката од 2005 година, за да може да постигнеме кај тие превозници кои ќе сакаат да се јават да можеме да го организираме превозот на учениците, истакна Трајковски.
Според опозицискиот советник Сашко Ивановски, ова покачување ќе значи финансиска блокада за училиштата.
-За неколку години со ова покачување ние ќе дојдеме во ситуација во каква што беа пред 5-6 години училиштата. Да работиме само за основните потреби и да можеме да го подмириме превозот на превозниците, истакна Ивановски.
 
Николинка Мавродиева – Петровска од Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот, истакна дека покачувањето на превозот, се однесува на одредени линии и,нема да влијае на вкупната сума за превоз на ученици.
 
-По новите цени и новите тарифи, вкупната сума за превоз на ученици во новата учебна година би бил 3 милиони и 69 илјади денари што значи дека ќе биде во рамки на дотацијата која е рпедвидена за превоз во училиштата која според податоците во училиштата изнесува 3 милиони 207 илјади денари, истакна Мавродиева Петровска.
Минатата година за превоз на учениците во Делчево биле одвоени 2,9 милиони денари кои биле наменети за вкупно седум линии кои се организираат за превоз на ученици од околните места.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*