Околу 100 луѓе од месното население го гаснат пожарот, кој доцна попладне избувна на потегот помеѓу селата Будинарци, Мачево и Владимирово. Како што информираат од ТППЕ Берово, ситуацијата во моментот е под контрола.
-Наши екипи веќе се на терен со повеќе пожарникари, возило и останати ресурси кои ги имаме на располагање. Очекуваме уште поголема инволвираност на самото месно население, кое и тоа како даде допринос во гаснењето, по првичната појава на пожарот, соопштија од ТППЕ Берово.
Повеќе детали за пожарот најавија за утринските часови, кога ќе се знае колкава е причинетата материјалната штета.
Очекувањата на командирот на беровските пожарникари се пожарот да биде изгаснат до доцна вечерта.
Засега нема информација за причините за пожарот.
Leave a Reply