Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево и годинава ја продолжи хуманитарната акција за доделување училишен прибор, за ученици кои потекнуваат од семејства од ранлива категорија. За таа цел беше спроведена акција во село Вирче, каде освен за дечињата од овие семејства, како што информираше директорката Билјана Петровска, им беше доделен училишен прибор и на сите ученици во подрачното училиште „Св.Климент Охридски“.
-Би рекла традиционално и годинава ЈЛБ „Илинден“ подарува училишен прибор и училишни ранци на ученици од социјално загрозени семејства. Меѓутоа, годинава решивме да го посетиме подрачнотo училиште во село Вирче и секое дете кое што учи тука, да добие ранец и училишен прибор. Се надевам дека овој наш мал хуман гест ќе биде од огромна помош за родителите на овие деца, но и нивна голема радост. Се надевам дека ранците отидоа во вистински раце и на вистинско место, истакна Петровска.

Во рамки на претходните вакви акции, библиотеката донираше училишен прибор и книги и во подрачното училиште во село Тработивиште и Звегор. Од таму најавија дека ваквите акции, како и соработката со двете општински основни училишта ќе продолжат и во иднина.
Инаку кога сме кај работата на делчевската библиотека, со одлука на Управниот одбор на библиотеката,од утре 5 септември,ЈЛБ „Илинден“ воведува семејна чланарина, која ќе чини 250 денари. Ова, како што дополнија од библиотеката е прв пат од нејзиното постоење да се воведе семејна чланарина и тоа на барање на читателите.
ЈЛБ ,,Илинден" додели училишни ранци и прибор за учениците од село Вирче
Posted by delcevo365.mk on Wednesday, September 4, 2019
Leave a Reply