Во недела ќе се спроведе еко-акција „За почисто Делчево“

Општина Делчево се приклучува на акцијата за расчистување на дивите депонии, која претстојната недела ќе се реализира во сите општини од Источно-планскиот регион. Целта, како што изјави на денешната прес конференција, делчевскиот градоначалник Горан Трајковски, е да се покаже заедничката грижа за чиста животна средина, како и поттикнување на свеста и општествената одговорност на граѓаните.
 
-Грижата за здрава животна средина и чиста околина е наш приоритет број еден и обврска, моја, како градоначалник, на целата општинска админитрација и надлежните институции, но и обврска на секој поединец. Нарушувањето на еко-системот, ѓубрето расфрлано насекаде, дивите депонии кои редовно се чистат и повторно се создаваат, не само што претставуваат опасност по здравјето на сите нас, туку ја нагрдуваат сликата на нашата општина и на нашиот град, кого природата го дарувала несебично со природни раритети и убавини, истакна Трајковски.
Согласно со препораките од Општинскиот инспекторат и ЈПКД „Брегалница“, како што додаде, со акцијата за чистење се предвидени неколку локации.
 
-Еко-акцијата „За почисто Делчево“ Општина Делчево ја организира во партнерство со сите граѓани, а со истата ќе бидат опфатени пешачката патека „Илин камен“, улица „Индустриска“ од мостот до булевар „Македонија“ и улица „Кеј на Брегалница“. Исто така, ќе се чисти дивата депонија кај село Габрово и Ралева Чука. Во акцијата освен граѓани, ќе бидат вклучени и ресурси од Јавното претпријатие за комунална дејност „Брегалница“, додаде Трајковски.
 
Еко акцијата в недела на 15 септември ќе започне во 8 часот, кога ќе се чисти ѓубрето и депониите и во општините од целиот источен регион. Тргнувањето кон локациите предвидени за чистење во Делчево е од паркингот на Спомен-дом АСНОМ.

Во недела сите во еко-акција за почисто Делчево

Во недела сите во еко-акција за почисто Делчево

Posted by delcevo365.mk on Thursday, September 12, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*