Курсеви по прва помош со просветните работници во Делчево

Во рамки на кампањата „Твоето не знаење чини живот“, денес во Делчево се одржа курс по прва помош со вработените во општинското основно училиште „Св.Климент Охридски“. На курсот, како што информираше Ивана Атанасовска од Црвен крст Делчево, учествуваа 40-тина професори, кои покажале солидна заинтересираност за обновување на своите знаења по прва помош.
 
-Во предавањето беше ангажирано стручно лице од оваа област, кое на професорите им ги образложи видовите на повреди кои можат да настанат во воспитно-образовните установи и начините за укажување прва помош во случај на посериозни незгоди. Во рамки на оваа кампања освежителен курс по прва помош утре ќе се одржи и со вработените во деветолетката „Ванчо Прке“, информираше Атанасовска.
Кампањата „Твоето незнаење чини живот“ како што додаде, ќе биде затворена во недела, кога на завршен настан во градскиот парк ќе се одбележи Светскиот ден по прва помош.
Со утрешниот курс во организација на Општинската организација на Црвен крст, спроведени се вкупно 6 вакви освежителни курсеви, додека со цел зголемување на знаењата на граѓаните, минатата недела младите волонтери делеа флаери со едукативна содржина по прва помош.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*