Меѓународен кошаркарски турнир во Делчево

Екипата на кошаркарскиот клуб ,,Клубски Патриот” е домаќин на дводневниот Меѓународниот кадетски турнир во женска кошарка кој се одржува во Делчево. На турнирот покрај домашната екипа учествуваат екипите на ЖКК ,,Пирин” од Благоевград и Арена ТИМ од Штип. Како што информираше организаторот Љупчо Петровски, турнирот се организира со вел проверка на формата пред почетокот на првенството.
 
– На турнирот кој започна вчера, веќе се одиграа два натпревари во кадетска конкуренција. Екипата на ЖКК ,,Пирин” се сретна со тимот на Арена ТИМ од Штиш, натпревар кој го добија Штипјанки, додека на двомечот помеѓу екипата на ,,Клубски Патриот” и КК ,,Пирин” како подобра се покажа нашата екипа. Турнирот е дел подготовките на екипите за почетокот на првенствата, а целта покрај заедничката дружба помеѓу младите кошаркарки е и стекнување поголемо кошаркарско искуство, истакна Петровски.
Во рамки на денешниот втор дел од турнирот, како што додава, ќе се одиграат уште неколку натпревари, а на крајот учесниците ќе добијат благодарници од организаторот.
 
КК ,,Клубски Патриот” во женска конкуренција и оваа година ќе се натпреварува во Првата женска кошаркарска лига на Македонија, додека свои екипи ќе имаат и во младинските кадетски конкуренции. Претходно екипата имаше одличен организиран кошаркарски камп, на кој учество зедоа реномирани имиња од македонската кошарка.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*