Со претставување на фолклорните ансамбли од Европа, Азија и Америка, во виничкото село Истибања, започна Меѓународниот фестивал „Истибањско Здравоживо 2019“. Како што информираше Стојко Митковски, раководител на фолклорниот ансамл „Китка“ кој е организатор на настанот, фестивалот годинава ќе трае 5 дена, а ќе заврши во среда, со концерт на плоштадот „Ангел Винички“ во Виница.
-Фестивалот е во организација на ансамблот „Китка“ од Истибања, имаме учесници од три континенти, од Азија од Европа и од Америка. Фестивалот беше отворен со традиционалното дефиле,потоа следува зажневањето на ориз, во вторник имаме фолклорен караван во Македонска Каменица, а официјалното затворање на фестивалот е во среда, кога на плоштадот Ангел Винички ќе се одржи заеднички концерт на групите учеснички, истакна Митковски.
Меѓу учесниците на „Истибањско Здравоживо 2019“ се најдоа и учесници од Израел и Украина, кои настапија со карактеристични танци од својот крај.
-Доаѓаме од Украина, од мало место Славута, групата се вика Перлинка, постоиме 22 години, а ќе се претставиме со танци и игри од нашиот регион, рекоа гостите од Украина.
Свој настап на фестивалот имаа и претставници од Соединетите Американски Држави, кои што информираше Беки Колтер, раководител на групата, за прв пат гостуваат во село Истибања.
-Прв пат сме во Македонија и сме многу восхитени од нашето присуство овде. Овде ќе се претставиме со неколку танци карактеристични за Апалачите, тоа се танци од Источниот дел на Соединетите Американски Држави, истакна Колтер.
Боите на азискиот континент ги претставија учесниците од Израел, кои како што истакна Ејлил Ејзел, се претставија со танци карактеристични за местото од каде доаѓаат.
-Се викам Ејлил Ејзел, доаѓа,ме од третиот по големина град Ришон Ле-Зион во Израел. Се претставуваме со израелски танци од различни места од Израел. Ние сме мутилутурна средина каде имаме микс на култури од евреи кои доаѓаат од секаде во светот, па затоа и нашиот настап е комбинација од местата од каде доаѓа секој до нас, истакна Ејзел.
Манифестацијата „Истибањско Здравоживо 2019“ годинава се одржува по 34 пат и финансиски е поддржан од општина Виница.
Широко Малешевско оро на Истибањско здравоживо 2019
Posted by delcevo365.mk on Saturday, September 14, 2019
Претставување на учесниците од Америка на ,,Истибањско Здравоживо 2019"
Posted by delcevo365.mk on Saturday, September 14, 2019
Групи и ансамбли од Украина, Израел и Србија дел од ,,Истибањско Здравиживо 2019"
Posted by delcevo365.mk on Saturday, September 14, 2019
Претставување на ,,Копачка", с.Драмче, Делчево – ,,Истибањско Здравоживо 2019"
Posted by delcevo365.mk on Saturday, September 14, 2019
Претставување на КУД "Никола Јонков Вапцаров" Делчево – ,,Истибањско Здравоживо 2019"
Posted by delcevo365.mk on Saturday, September 14, 2019
Музичари и танчери од Калифорнија, Америка зедоа учество на "Истибањско Здравоживо 2019"
Posted by delcevo365.mk on Saturday, September 14, 2019
Од дефилето на "Истибањско Здравоживо 2019"
Posted by delcevo365.mk on Saturday, September 14, 2019
Од отворањето на ,,Истибањско Здравоживо 2019"
Posted by delcevo365.mk on Saturday, September 14, 2019
Leave a Reply