Пионерките на ЖРК Делчево Вардар со победа го започнаа првенството

Екипата на Делчево Вардар со 12:38 со победа над екипата на ЖРК КЛ7 го стартуваше првенството во пионерската лига на Македонија во женски ракомет. Според информациите од теренот, единственото водство од 2:1 домашната екипа го имала на почетокот на натпреварот, по што делчевки со серија од седум погодоци имале водство од 2:8, а на полувреме резултатот бил 5:15 во корист на гостинките од Делчево. Победата во вториот дел била неминовна, а конечниот резултат од 12:38, бил само потврда на добрата игра на ракометарките на Делчево Вардар.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*