Стаменковски со златен медал во пауер-лифтинг се враќа од Атланта, САД

Шампионот Бошко Стаменковски,вечерва постигна уште еден огромен успех на Светското првенство во Пауер-лифтинг кое се оддржува во Атланта, САД. Македонскиот претставник од Македонска Каменица освои златен медал во дисциплината бенч-прес, во категоријата М2, за натпреварувачи под 75 килограм, со што повторно застана највисоко на пиедесталот, како единствен претставник од Македонија. Како што изјави Стаменковски по завршувањето на својот настап, подигнатата тежина претставува негов личен, но и нов европски рекорд.
 
-Со подигнати 140 килограми, го подобрив рекордот кој го поставив пред неколку месеци на Европското првенство што се оддржа во Украина, првенство на кое подигнав 137,5 килограми. Ова воедно е и личен мој рекорд, остварен на било кое првенство на кое сум настапувал досега, изјави кратко по натпреварот Стаменковски.
Упати благодарност до сите кои му пружиле поддршка за настап на овој шампионат.
 
Доделувањето на медалите е закажано за вечерва по американско време, по што шампионот од Македонска Каменица се враќа во државата.
 
За Стаменковски ова е втор освоен златен медал и освоена титула Светски шампион од тлото на американскиот континент. Првото злато во Пауер-лифтинг од САД, го освои во 2015 година.

1 place kat -75kg M2 so podignati 140kg

Posted by Bosko Stamenkovski on Saturday, September 21, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*