Прогласени најдобрите просветни работници во Делчево

По повод Светскиот ден на учителите, вечерва во Делчево доделени признанијата на најдобрите наставници и професори во основните и средното училиште од градот. Најдобар просветен работник на ниво на општина Делчево и припадна на професорката по биологија Марина Синадиновска, која воедно е прогласена и за најдобар просветен работник во матичното училиште СОУ “Методи Митевски -Брицо“.

Во Општинското основно училиште „Ванчо Прке” за најдобар просветен работник е прогласена наставничката Бети Џабирска, додека во општинското основно училиште Св.Климент Охридски, наставничката Ленче Стаменкова.

Најдобрите просветни работници од својата работна организација добиваат награда по 3.000 денари, додека професорката Марина Синадиновска е добитник и на наградата која општина Делчево ја доделува на најдобриот просветен работник. Наградите Претседателството на Здружението на просветни работници на Општина Делчево ги доделува врз основа на Правилникот за доделување на јавни признанија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*