Пожар ги остави без покрив над глава семејството Воденски од Русиново

Утрово околу 4 часот, голем пожар ја зафати куќата на Велика, Кирил и Маринчо Воденски од беровско Русиново. Во моментот на пожарот, тројцата членови на семејството, успеале да излезат од куќата, без да можат да спасат ништо од покуќнината. Чадот од куќата, меѓу првите го забележал соседот Вакански Љупчо, кој со цел да не се прошири пожарот на околните куќи, веднаш се јавил во ЕВН, за да биде исклучена струјата.
 
-Утрово околу 4 часот слушнав викање, излегов надвор и гледам дим, и велам на сопругата бргу гори куќата на комшиите. Се јавивме во ЕВН да се исклучи струјата, потоа дојдоа цистерни од противпожарната единица, но веќе се беше изгорено. Луѓето сега се на улица, ќе гледаме да собереме по некој денар, да им помогнеме, вели Вакански Љупчо.
Семејството Воденски по пожарот остана без кров над главата. Стопанот на куќата Кирил е старосен инвалид, додека синот Маринчо, бил припадник на единицата „Скорпиони“, но поради болест, ја напуштил единицата и сега тешко се снаоѓа во животот.
 
– Моментално нема каде да одиме. Од општината ни дадоа клучеви од соба во Владимирово, додека се снајдеме. Ова е се што имаме. Ни донесоа некои работи од Центарот за социјални работи, но додека се направи една соба во која ќе живееме овде, ќе биде потребна помош. Апелирам до сите хумани луѓе ако можат на било кој начин да ни помогнат, вели Маринчо Воденски.
Во пожарот, како што вели Велика Воденска, изгореле сите нивни документи, како и дел од нивната заштеда.
 
-Отрчав право накај мажот да го разбудам, фрлив колку еден сад вода, таванот беше висок и не можевме ништо да спасиме, бидејки се прошири огнот, излеговме надвор за да спасиме жива душа. Ни изгоре пензијата и нешто пари кои ги имавме како заштеда. Живееме 41 година во оваа куќа. Мажот ми е болен има шизофренија и се одржува со лекови, исто како и синот кој се разболе по војската. Навистина ќе ни треба помош, бидејки се што имавме е во пепел, истакна Воденска.
Противпожарната единица од Берово, денес сеуште ги гсанеше остатоците од куќата чиј внатрепен дел е целосно уништен.
 
Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски и претседателот на Советот, Јован Матеничарски го посетија семејството Воденски и ја согледаа фактичката состојба, по што најавија дека општината ќе помогне со парични средства.

Потребна помош за тричленото семејство Воденски од село Русиново, чија куќа изгоре во пожар

Потребна помош за тричленото семејство Воденски од село Русиново, чија куќа изгоре во пожар

Posted by delcevo365.mk on Friday, October 4, 2019

На семејството Воденски во моментот му е потребна итна интервенција за изградба и адаптација на објект за живеење. Освен тоа тие немаат храна и секоја помош од хуманите граѓани ќе им биде добредојдена.
Контакт телефон за помош:  077-545-630 Маринчо Воденски

Кирил, Велика и Маринчо Воденски рано утрово во пожар останаа без кров над глава. Секаква помош е добредојдена. Конатакт телефон: 077-545-630 Маринчо

Posted by delcevo365.mk on Friday, October 4, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*