Во дербито од пионерската лига ЖРК ,,Делчево” и ЖРК ,,Металург” ремизираа во Скопје

Со резултат 15:15 заврши дерби натпреварот од третото коло на пионерското првенство на Македонија, помеѓу екипите на ЖРК ,,Металург” и ЖРК ,,Делчево”.

Како и секогаш делчевки беа најсконцентрирани кога е најпотребно, па така со гол пред истекот на сирената, освоија бод на тешкото гостување во Скопје.

Првото полувреме Металург го започна со водство од 5:1, но нашата екипа, по ова водство заигра поангажирано, со што на полувреме се заминало со резултат 8:7.

Најдоброто од себе делчевки го прикажаа кон крајот на натпреварот, кога успеаа да се вратат, откако Металург имаше водство од 14:11, но пионерките на Делчево Вардар израмнија на 14:14.

На крај Металург, иако имаше водство од 15:14, ЖРК Делчево со гол пред истекот на регуларното време, освои голем бод.

ЖРК Металург – ЖРК Делчево Вардар 15:15 (8:7)

За ЖРК Вардар Делчево најмногу погодоци, вкупно седум, постигна Деника Спасевска, додека во листата на стрелците се запишаа и Дарија Спасевска, Талевска и Георгиевска кои постигнаа по 2 погодоци, додека Ќурчиска и Тодоровска, по еднаш ја затресоа противничката мрежа.

Тренер на екипата на Металург е поранешната најдобра ракометарка на РК “Делчево”, Мери Арсениевска, која не пропушти прилика да се фотографира со својот поранешен тренер Горан Велков.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*