На пет ловишта во делчевско започна сезоната на крупен дивеч

Делчевските ловџии ја започнаа сезоната на крупен дивеч. Драган Христов претседател на ловното друштво ,,Острец” соопшти, дека и годинава ловџиите од делчевскиот регион, имаат на располагање пет ловишта, на кои ќе може да се врши лов во тековната сезона.

-Тоа се ловиштата Влаина, Голак, Бигла, Киселица и Тработивиште. Од штетниот дивеч дозволен е отстрел на волк и лисица, додека отстрелот на дива свиња, зајак и еребица е пропишан согласно ловностопанските основи за секое ловиште поединечно. Сезоната на крупен дивеч започна на први октомври и по традиција во делчевско ја отвораме првиот викенд од овој месец, информира Христов.

Додава дека, ловџиите од делчевско имаат обврска во текот на зимата да се грижат за загрозените видови дивеч.

-Обврската важи за елен и срната, а во периодот на големи студови и висок снег, имаат обврска да ги потхрануваат овие видови, да оставаат храна на местата предвидени за прихрана, додава Христов.

Од рано утрово веќе е забележан и првиот улов на дива свиња.

Правото на лов завршува до 31 јануари, а ќе се одвива во недела и за време на државни празници.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*