Изготвена Стратегијата за надворешна комуникација на Општина Делчево

Во Делчево се одржа втората работилница од проектот за финализирање на работната верзија на Стратегијата за надворешна комуникација на Општина Делчево. како што информираше проект координаторот Родне Деолска, на финалната работилница пред претставници на општина Делчево, локални институции и невладиниот сектор беше презентирана СВОТ анализата на слабите и силни страни, кои во поглед на комуникацијата во изминатиот период, општина Делчево ги има со надворешни групи.
 
-Во рамки на претходните активности, изготвивме листа на целни групи и медиуми, кои општината ги користи за да комуницира со јавноста. На денешната втора и финална работилница, се осврнавме на стратешките области на делување и стратешките цели во рамките на оваа Стратегија, кои што потоа ќе бидат преточени во акциски планови за секоја година од нејзината имплементација, рече Деолска.
 
Во меѓувреме, како што додава, спроведено е сеопфатно истражување за одредување на задоволството на целните групи, во однос на комуницирањето кое што општината го има со нив.
 -Направивме интервјуа со градоначалникот на општината, со лицето задолжено за односи со јавност, направивме он-лајн анкета за граѓаните, како и деск истражување во кое ги изанализиравме оние документи, кои што се веќе постоечки во поглед на комуницирањата, кои што општината ги има. Исто така, направивме и еден прес клипинг на објави во медиумите, во периодот од јануари до јуни 2019 година, за да видиме како медиумите на локално и регионално ниво, известуваат за активностите кои ги има општината. Благодарение на тие информации, ние со Стратегијата знаеме точно, кои насоки, кои препораки и кои алатки ќе ги користиме, со цел како општината, во наредните три-четири години, да се насочи кон надворшеното комуницирање, појасни Деолска.
 
Проектот со кој Регионалниот центар за застапување – Делчево, ја изготви работната верзија на Стратегијата за надворешна комуникација на Општина Делчево, е проект кој се спроведува преку програмата на општината, за финансирање на граѓански организации и на спортски здруженија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*