Ќе се проширува граничниот премин „Станке Лисичково – Делчево“

Проширување на граничниот премин „Станке Лисичково“, со цел полесно поврзување најпрвин со службите од граничниот премин Делчево, а потоа и подобра патна поврзаност меѓу Република Бугарија и република Северна Македонија. Според најавите на бугарскиот министер за внатрешни работи Младен Маринов, кој на проширувањето на граничниот премин „Станке Лисичково“, најбрзо би можело да стане реалност наредната година.
 
-Во моментот е тендерска постапка за проширување на граничниот премин „Станке Лисичково“. Очекуваме на почетокот на следната година, да имаме нов пункт кој ќе овозможи да имаме три ленти за поминување на границата. Тоа за трипати ќе ги зголеми капацитетите во споредба со сегашната една лента со која располагаме. Тоа е чекорот кој го правиме и транспортно да ја поткрепиме Република Северна Македонија за нејзино членство во ЕУ. Прво треба да имаме добра патна поврзаност, во однос на соработка на службата сме два-три чекори напред, што се покажува и со големиот број заеднички иницијативи, рече Маринов. 
Проширувањето на граничниот премин Станке Лисичково ќе биде од огромно значење за жителите на двете страни од границата, бидејки како што сами велат ќе има побрз проток на сообраќајот со одбегнување на постоечките гужви.
 
-Во одредени моменти на овој граничен премин се создава сообраќаен метеж што навистина претставува проблем за патниците кои понекогаш на бугарска страна чекаат и по два часа за влез во соседната земја. ако ова се оствари тоа би било одлично, велат патници кои денешниот неработен ден го искористија за кратка прошетка до соседна Бугарија.
 
Претходно можноста за проширување на овој граничен премин ја најавија и неколку европратеници кои беа во посета на Делчево.

БУГАРСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ НАЈАВИ ПРОШИРУВАЊЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН СТАНКЕ ЛИСИЧКОВО

БУГАРСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ НАЈАВИ ПРОШИРУВАЊЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН СТАНКЕ ЛИСИЧКОВО

Posted by delcevo365.mk on Wednesday, October 23, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*