Заеднички активности на ЈЛБ „Илинден“ и ОЈУДГ „Весели цветови“ по повод Месецот на книгата

Денес со низа активности во Јавната локална библиотека „Илинден“  беше одбележан Месецот на книгата. За таа цел како што информираше директорката Билјана Петровска во одбележувањето на овој настан се вклучи Детската градинка „Весели Цветови“.
 
-Во рамки на одбележувањето на Месец на книгата, ова утро наши гости се дечињата од Детската градинка Весели цветови. Тие ни донесоа рачно изработени креации, кои ние ги изложивме во читалната во библиотеката со што сите наши сограѓани ќе можат да видат колку овие наши дечиња се вредни и креативни со нивните мали и вредни рачиња. Морам да потенцирам  дека детската градинка „Весели Цветови“ е дел од речиси  сите активности кои ги реализира библиотеката. Оваа соработка се надевам дека ќе продолжи и понатаму, затоа што се што е убаво и треба да продолжи на обострано задоволство, истакна Петровска.
 
Директорката на градинката Билјана Симовска, во насока на одбележувањето на „Месецот на книгата“, на библиотеката и подари две книги на тема „Ран детски развој“.
 
-Оваа соработка секако мора да продолжи, бидејки сите знаеме дека, основните работи кои треба да се стекнат во иднина и да се формираат дечињата ги стекнуваат од најмали нозе, односно во нашата градинка Весели Цветови. Многу од нив не читаа и пишуваат, цртаат, меѓутоа креативноста и љубовта кон книгата ја изразуваат токму преку овие изработки, кои што нашата јавност ќе може да го види во наредните денови. Ние многу често учествуваме во активностите на библиотеката, затоа што сметаме дека тоа е основата, тоа е богатството, бидејки книгата знаеме дека е најголемото богатство од се. Би сакала уште еднаш да и заблагодарам на директорката и сите вработени тука и да кажам дека еве ние се потрудивме да подариме две книги, односно стандардите за рано учење и разво,ј на кои што е базирана програмата на детската градинка, па секој кој е заинтересиран и досега не бил во можност да прочита дел од тоа, дел од развојот на дечињата во овие неколку години во градинката, може да повели во библиотеката и да прочита се што сака, истакна Симовска.
 
Еве дел од активностите во рамки на денешниот настан.
 

Заеднички активности на ЈЛБ „Илинден“ и ОЈУДГ „Весели Цветови“ по повод „Месец на книгата“

Заеднички активности на ЈЛБ „Илинден“ и ОЈУДГ „Весели Цветови“ по повод „Месец на книгата“

تم النشر بواسطة ‏‎delcevo365.mk‎‏ في الخميس، ٢٤ أكتوبر ٢٠١٩

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*