Детската претстава „Волшебниот часовник“ прикажана во Делчево

Театарската претстава за деца ,,Волшебниот часовник“ од рускиот автор А. Аксјонов во изведба на велешкиот Младинско-детски театар „Крин“ денес со аплаузи, смеа и овации беше поздравена од најмладите, кои во киносалата во Делчево имаа можност да проследат  претставата со едукативна и интерактивна содржина , која поради големиот интерес кај најмладата публика, беше прикажана трипати.
 
Како што истакнува еден од актерите на велешкиот театар за деца, Младен Крстевски, претставата „Волшебниот часовник“ дава современ приказ на нештата.
 
– Станува збор за Господарот на времињата кој заедно со Златната есен подготвуваат приредба за почетокот на школската година. Но, злото за да биде поголемо, на сцената се појавуваат двајцата негативци, неранимајковци, лошите ученици: Пеце Малерот и Лошко Добриот кои имаат задача да ја растурат приредбата, да го скршат Волшебниот часовник, а со тоа на земјината топка да запрат сите работи . Но, тука се замешува Господарот на времињата, ја спасува приредбата, а воедно Пеце Малерот и Лошко Добриот стануваат позитивни ученици, истакна Крстевски.
Во претставата учествуваат познатите актерски имиња: Кирил Гравчев, Драган Миладиновски, Слободанка Чичевска, Ане Павлов, Младен Крстевски. Сценографијата е на Илија Настов, костимите на Јулијана Павлова, а музиката на Жана Дишлиеска Митова.
 
Актерската екипа е презадоволна од настапите во Делчево и најавија реализации и на идни претстави и за деца и за возрасни во Делчево.
 
Организацијата на детската театарска претстава е на Општина Делчево и на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“.

تم النشر بواسطة ‏‎НУЦК ,,Никола Јонков Вапцаров"-Делчево‎‏ في الخميس، ٢٤ أكتوبر ٢٠١٩

🤗🤗Na zadovolstvo na decinjata od 5-6 godisna vozrast deneska gostuvase Mladinski Detski teatar ,,Krin,, od Veles so…

تم النشر بواسطة ‏‎Ojudg Veseli Cvetovi Delcevo‎‏ في الخميس، ٢٤ أكتوبر ٢٠١٩

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*