Ново возило за секторот Водовод и Канализација во делчевското комунално претпријатие

По три децении, набавено ново возило за потребите на секторот Водовод и Канализација во делчевското комунално претпријатие. Како што информираше директорот Стојче Стојковски, возилото е набавено по претходна тендерска постапка, а согласно бизнис планот за 2019-2021 година.
 
-При изработка на Бизнис планот за периодот 2019-2021 година за утврдување на тарифите за водни услуги кој е одобрен од Регулаторна комисија за енергетика, од страна на раководителот на секторот беше потенцирана потреба од набавка на возило, поради што и во согласност со планот за јавни набавки за 2019 година во текот на месец август беше отпочната тендерска постапка за набавка на моторно возило за потребите на секоторот Водовод и канализација. Истото е неопходно за овој сектор бидејки досега на располагање имавме лада од 1989 година, која е дотраена и не може да одговори на потребите на претпријатието. Покрај за овој сектор возилото ке се користи и за други потреби на ЈП, а со цел за пружање на поквалитетна услуга на граѓаните, истакна Стојковски.
Оваа инвестиција, како што истакна градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски само се надоврзува на инвестициите коие се реализираат во претпијатието во 2019 година.
 
-Сите граѓани на општина Делчево се свесни дека никогаш во изминатите 30 години, не се случиле вакви инвестиции, какви што имавме оваа година во Јавното комунално претпријатие. Покрај тоа што инвестираме во обновување на возниот и машинскиот парк, имаме инвестиции и во филтрите за чиста вода за пиење, каде го заменивме активниот јаглен и кварцниот песок во пумпната станица, се со цел граѓаните да имаат чиста вода за пиење. Можам да најавам дека со домаќинско работење ќе продолжиме со инвестициите и во наредниот период, се со цел да пружаме поквалитетни услуги за нашите сограѓани, рече Трајковски.
 
Последната инвестиција за набавка на ново возило изнесува милион и 300 илјади денари. 

Набавено ново возило за потребите на секторот Водовод и Канализација во делчевското комунално претпријатие

Набавено ново возило за потребите на секторот Водовод и Канализација во делчевското комунално претпријатие

تم النشر بواسطة ‏‎delcevo365.mk‎‏ في الجمعة، ٢٥ أكتوبر ٢٠١٩

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*