Членовите на ,,Оф-Роад-Голак” ги собраа наградите на кружната трка во Берово

Членовите на Оф-Роад клубот ,,Голак” од Делчево, одлично се претставија на трката со теренски возила која викендот се реализираше на кружната натпреварувачка патека ,,Мазно” кај местото викано ,,Јуовец” во Берово. Делчевци учествуваа во трката за возила со разлика на запремнината и тип на моторот и сите четворица натпреварувачи освоија награди во своите категории.

Како што информираа организаторите на трката се натпреваруваа учесници во 8 брзински категории.

-Ова беше натпревар на земјена кружна патека во должина од 2100 метри. На истиот се натпреваруваа теренски возила со зафатнина од 1700 до над 3000 кубика, како и теренски возила и мотоцикли без ограничување и разлика на запремнината и типот на моторот. Имавме 45 натпреварувачи од повеќе градови во Македонија, меѓу кои Делчево, Берово, Виница, Кочани, Штип и други градови. Натпреварот се состоеше од 3 (три) возења по патеката, а за конечен пласман одлучуваше резултатот од најдобро извозениот круг на патеката, истакнаа организаторите.

Меѓу поистакните беше и моделот UAZ Hunter со легендарниот ретро изглед. Теренско возило произведено 2018 година, кое иако доживеа јак удар, неговата цврстина се докажа со тоа што оштетен беше само предниот браник.

Во видеата од самите членови на клубот ви доловуваме дел од овој настан кој го наполни адреналинот и на учесниците и на посетителите.

Neka e cestito da se mnozat💪💪🏆🏆🏆🏆

تم النشر بواسطة ‏‎Off Road -Golak- Delcevo‎‏ في السبت، ٢٦ أكتوبر ٢٠١٩

🏆🏅

تم النشر بواسطة ‏‎Off Road -Golak- Delcevo‎‏ في الأحد، ٢٧ أكتوبر ٢٠١٩

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*