Писателката Билјана Тинтоска во Делчево ќе го промовира својот нов роман

Во организација на ЈЛБ „Илинден“, а по повод „Октомври – Месец на книгата“, љубителите на убавиот пишан збор, вечерва ќе го имаат ексклузивното право да се запознаат со новиот роман „Каде што реката го бакнува небото“ на писателката Бијана Тинтоска, но и со нејзиното творештво.

Возвишеноста на љубовта во сите нејзини облици е поводот е главната тема во романот на Тинтоска која освен ова дело минатат година за прв пат го издаде и делото „Овде или во Вечноста?“.

Билјана Тинтоска професионално е вљубеник во македонската реч, литература и јазик. Таа е професор по македонски јазик во СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп. Ментор е на драмската секција во училиштето, голем вљубеник на книгата и одличен познавач на пишаниот збор, која со литература се занимава од нејзиното детство.

Промоцијата ќе се одржи во читалната на градската библиотека, вечерва (29 октомври 2019) со почеток во 19 часот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*