Од промоцијата на „Кога реката го бакнува небото“ во Делчево

Одбележувањето на „Октомври – месец на книгата“ во Делчево заврши со шромоција на романот ,,Каде реката го бакнува небото” од авторката Билјана Тинтоска. Организатор на настанот беше Јавната локална библиотека ,,Илинден” чиј директор Билјана истакна дека од денес книгата може да се најде на полиците во делчевската библиотека.

-Јавната локална библиотека „Илинден“ секогаш е расположена и да набавува и да промовира наши автори, затоа што е огромно задоволството да го збогатиме нашиот фонд токму со дела од наши автори. Вечерва промовираме токму еден ваков роман, кој токму од вечерва се наоѓа на полиците во нашата библиотека и нашите читатели ќе можат да го изнајмат и прочитаат. Покрај овој роман библиотеката располага и со првиот роман од Тинтоска насловен „Овде или во вечноста“, истакна Петровска.

Македонската книжевност е побогата за уште еден доста плоден писател, на задоволство на сите љубители на пишаниот збор, истакна промоторот Даниела Такева.

-Билјана Тинтоска со нејзините два романи „Каде реката го бакнува небото“ и првиот роман „Одовде до вечноста“ се романи кои од првата страница ве навлекуваат и нема да сакате да ги испуштите од раце. Тие пленат со секој нов збор и секоја нова реченица и ќе ве држат во дејството и патешествијата на главните ликови, по што верувајте, ќе излезете, како што таа милува да каже за силата на молитвата, „прочистени како од духовна бања“. И двата романи го носат печатот на нејзиниот стил јасно-речен, а и мисла заокружена и поткрепена со факти за моралната вредност и чистота, испреплетена со длабока верба во Бога и молитва која оплеменува и ја дава силата да се истрае и да се издржи денот кој не знаеме што носи. Всушност во делата се испреплетуваат многу автобиографски елементи, добро надоградени со авторска имагинација, во која успешно ги става ликовите во неизвесности, недоречености, тие да страдаат, да претчуствуваат, да се борат за одржување во соврменеието и притоа водени од моралните доблести, да се одржат во современиот свет, за кој слободно може да кажеме дека страда од отсуство на срам, во свет на изместени вредности, истакна Такева.

Како што истакна самата авторка Билјана Тинтоска, вториот нејзин роман е посветен на животот на нејзиниот дедо.

-Најголем мотив ми се секогаш учениците, затоа што забележувам дека кај децата недостасуваат моралните вредности, падовите кај моралните вредности ми се едни од најсилните мотиви, а целта ми е како да ги мотивирам младите, да се приближат до тие морални вредности, да го сакаат убавиот збор. Инаку мотив за мојата втора книга „Каде реката го бакнува небото“ претставува дел од животот на мојот дедо. кој има посебен развој на винарството и лозарството и кој бил еден од ретките школувани во 1926 година во Прага и  кој има големи заслуги на ова поле, рече Тинтоска.

Од промоцијата на делото „Каде реката го бакнува небото“

Од промоцијата на делото „Каде реката го бакнува небото“

تم النشر بواسطة ‏‎delcevo365.mk‎‏ في الثلاثاء، ٢٩ أكتوبر ٢٠١٩

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*