Преку ,,Форуми во заедницата” во Берово ќе се креира општинскиот Буџет

Преку учество во програмата ,,Форуми во заедницата”, Општина Берово и годинава ќе го слуша гласот на граѓаните при креирањето на општинскиот Буџет за 2020 година. За таа цел, како што информираа од општината, веќе е закажана и првата форумска сесија на која граѓаните ќе бидат запознаени со поимот Буџет и начините на негово креирање.
 
-Жителите на Општина Берово преку оваа програма ќе одлучуваат кои се приоритетите за социо-економски развој на општината и кои активности може да се спроведат за подобрување на состојбата на локалната заедница, преку проекти кои ќе се финансираат од буџетот на Општина Берово. Целта на програмата „Форуми во заедницата“ е граѓаните да го подобрат својот живот, со сопствени идеи и учество во процесот на донесување одлуки на локално ниво, а администрацијата да развие, отчетно локално управување преку учество, одговорност и доверба, истакнаа од Општината.
Од Општина Берово упатија покана до граѓаните да учествуваат на првата форумска сесија која ќе се одржи наредниот вторник.
 
-Првата форумска сесија, ќе се одржи на 12 ноември 2019 година, (вторник) со почеток во 13:00 часот, во Бизнис инкубатор, во Берово. За таа цел ги покануваме сите заинтересирани граѓани да приусуствуваат на Форумските сесии и да дадат свој придонес во креирањето на Буџетот за 2020 година, додадоа од општината.
 
Минатата година преку Програмата ,,Форуми во заедницата”, граѓаните на Берово одлучија да се асфалтира паркингот кај детската градинка ,,23 Август”, проект кој беше реализиран со средства од општинскиот Буџет.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*