Делчевските инспектори ќе го казнуваат затоплувањето со несоодветен огревен материјал

Општина Делчево ги информира граѓаните, правните и физичките лица, дека со цел да се спречи загадување на амбиенталниот воздух и за почиста животна средина, а согласно со Законот за амбиентален воздух, се забранува за затоплување на индивидуалните или на деловните објекти како огревен материјал да се користат гуми, стиропор, пластика, текстил, отпадни масла и секаков вид отпад.

Исто така, со цел превентивно делување и спречување пожари се забранува и палење сува трева, стрништа и растителен отпад.

Општина Делчево соопштува дека инспекциските служби ќе вршат вонреден инспекциски надзор посебно во инсталациите каде има значителни емисии во амбиенталниот воздух и согласно со законските одредби ќе се преземаат соодветни казнени мерки.

Како што истакна инспекторот за животна средина Љупчо Симоновски, главен загадувач во зимскиот период кога започнува грејната сезона како и секогаш претставува палењето на недозволиви средства како што се текстил, пластика, прегорено уље и друго.

-За таа цел во петокот на 1 ноември 2019 година се одржа состанок во Владата кој го одржа министерот за внатрешни работи. На состанокот присуствуваа скоро од секоја општина инспектори за животна средина и комунални редари. Главен заклучок беше донесен во таа насока што сите општини да организираат мобилни екипи кои ќе работат и после работното време. Во тие екипи ќе бидат вклучени сите инспектори како и комунални редари со цел да се спречи недозволеното горење на тие недозволени средства, истакна Симоновски.

Иако секоја година како што додава се апелира до граѓаните да не се користат таквите средства, сепак тоа се повторува и оваа година.

-Апелирам до текстилните фабрики да не даваат на физички лица текстил бидејки казните се исти како и за правните лица. Сите текстилни фабрики се задолжени да изготват елаборат за животна средина во кој елаборат е пропишано со кое огравно средство се затоплува и уште еднаш да спомнам дека казните по законот за животна средина изнесуваат околу 3000 евра, додека казните според законот за јавна чистота се мандатни и се во висина од 200 евра. Ги замолувам граѓаните да престанат да ги користат тие недозволени средства за затоплување, бидејки со согоровуањето на тие текстилни отпадоци и пластика се испуштаат доста опасни канцерогени супстанци, кои првин се штетни за самите нив, а потоа и за сите граѓани, додава Симоновски.

Ќе се санкционира користењето недозволиви средства за огрев

Ќе се санкционира користењето недозволиви средства за огрев

Posted by delcevo365.mk on Wednesday, 6 November 2019

За тоа што се предизвикува користењето на несоодветен материјал за огрев, слушнете ја и изјавата од поранешниот комунален инспектор во пензија Крум Николовски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*