Форум за општински Буџет во Делчево

На Форум денес во Делчево се креираше општинскиот буџет за 2020 година. На форумот учествуваа претставници од месни заедници, граѓанските организации, претставници од бизнис-заедницата во Делчево и граѓани, а главна цел за негово организирање, како што информираше модераторот Даниела Такева е детектирање на приоритетните проекти за реализација за наредната година.
 
Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски кој го отвори Форумот истакна дека како градоначалник посебно ќе даде поддршка во насока на партнерството меѓу граѓаните и Општината.
 
-Од големо значење е граѓанското учество во сите сфери од живеењето, бидејќи главната улога на општината е да биде сервис на граѓаните. Во таа насока не затворам очи пред фактот дека во Делчево има уште доста нерешени проблеми, но тука сме да ги решаваме. Можеби некои од потребите на граѓаните општината не ги сфатила како приоритети, но затоа сме тука, најпрвин јас, а потоа и одговорните лица од Општината по одделенија, да го слушнеме нивниот глас, рече Трајковски.

Потенцираше дека во развојната програма за 2020 година, главен аспект ќе биде ставен на изградбата на современ градски пазар.
 
-Средствата во висина од 7 милиони денари за реализација на оваа идеја се обезбедени од Агецијата за финансиска поддршка и рурален развој, а останатите се од буџетот на Општина Делчево. Во буџетот исто така се предвидуваат средства за реализација на најразлични програми, како програмата од областа на заштита на животната средина, од областа на културата, програма за односи со јавноста и промоција на општината, програмата за родова еднаквост, средства за поддршка на реализација на проекти на граѓанските и спортските клубови и слично, додаде Трајковски.
 
За Љупчо Димитровски, претседател на месната заедница од село Драмче соработката помеѓу општината и месните заедници треба да продолжи и во иднина.
 
-Се радувам што имавме можност аеднички да ги поставиме прашањата за прироритетите кои треба да се реализираат во градот и селата. Имавме и наш предлог за асфалтирање на пат во село Драмче. Се надеваме дека со вакви средби ќе продолжиме и во иднина, истакна Димитровски.

Во рамките на процесот беа презентирани актуелните и планираните проекти на Општина Делчево, како и предлог-рамката на Буџетот за 2020 година, а во вториот дел од Форумот учесниците ги претставија своите приоритети за следната година.

Форум за општински Буџет во Делчево

Форум за општински Буџет во Делчево

Posted by delcevo365.mk on Friday, 15 November 2019

Во продолжение неколку видеа од она што се случуваше на Форумот за општинскиот Буџет.

Форум за општински Буџет за 2020 година

Posted by delcevo365.mk on Friday, 15 November 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*