Турска донација за ученици од социјален ризик во Делчево

Здружението Македонско-турско пријателство од Измир во соработка со Црвената полумесечина на градот Измир, Турција, денес во Делчево додели донација наменета за ученици кои потекнуваат од семејства кои живеат во социјален ризик. Донацијата е распределена во централното и подрачното училиште „Св.Климент Охридски“ во Делчево и село Град.
 
-Донирањето средства е редовна активност во земјава на Здружението Македонско-турско пријателство, но ова веќе е втор пат во хуманата агенда да биде ставено и Делчево. Донацијата се состои од училишен прибор, јакни, обувки и друг вид на помош и ја донираме за да помогнеме онаму каде што е најпотребно, истакнаа од донаторската организација.
 
-Благодарност од нашите пријатели од Измир од каде имаме најава дека вакви акции ќе има и во иднина. Донацијата ќе биде од огромно значење на родителите на учениците, а подароците барем малку ќе внесат радост во нивните домови, додадоа од училиштето.
 
Претходно ова здружение во слична донаторска акција обезбеди училишен прибор, облека и обувки и за ученици кои потекнуваат од семејства во социјален ризик во општинското основно училиште „Ванчо Прке“.
 
Оваа хумана активност е по повод одбележувањето на 96-годишнината од Денот на Република Турција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*