НВО од Штип и Делчево ќе гo унапредуваат спортот кај лицата со посебни потреби

Создавање инклузивни можности за лицата со посебни потреби и нивно активно вклучување во сферата на спортот и спортските активности е главната цел на проектот „Инклузија преку спорт Бочија“, во чии рамки во Делчево се реализираше дводневна работилница.
 
Проектот на подрачјето на источна Македонија го имплементираат „Македонска асоцијација за Бочија“ – Штип и ХЗ „Бравура Кооператива“ – Делчево, а во рамки на активностите, како што информираше кординаторот Александар Николов, до крајот на оваа година предвидено е формирање на „Бочија“ клубови во неколку градови во државата.
-Планирано е до крајот на декември формирање на вкупно 5 до 8 такви клубови на државно ниво и нивно приклучување во Македонска асоцијација за Бочија, што ќе значи и официјализација на оваа игра кај нас. Во рамките на активностите предвидена е и тренинг програма за тренери како и обезбедување на бочија сетови за новите клубови. Како одговорноста на Македонска асоцијација за Бочија, во рамки на проектот ќе следи и координирање на идните локални, регионални и национални натпревари во овој спорт, кои би се одржале со надеж за учество на идни меѓународни натпревари, истакна Николов.
 
Како дел од остварување на целите на програмата во синергија со овој проект, како што додаде, е и проектот „Осмозис“, кој е финансиран од Еразмус плус програмата на ЕУ имплементиран од „Старт“ Познан од Полска во партнерство со ХЗ „Бравура Кооператива“ – Делчево и четири партнерски организации од Хрватска, Бугарија, Грузија и Естонија.
 
-„Осмозис“ дава можност за медиумска афирмација на инклузивни програми за лица со посебни потреби, афирмација на социјалната инклузија и инклузија преку спорт и афирмација на спонзорства и донации за потребите на целната група. Затоа овие два проекта меѓусебно се надоградуваат, со цел да обезбедиме развој, унапредување и инклузирање на лицата со посебни потреби преку спорт Бочија, додава Николов.
 
Проектот „Инклузија преку спорт „Бочија“ делчевската и штипската невладина организација го реализираат со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*