„Врба“ на 20 и 21 ноември премиерно во Делчево

Шестиот филм на Манчевски „Врба“ ја следи приказната за три македонски жени кои не го менуваат светот или општеството, но нивната борба да станат мајки ги прави хероини во филмот. Трите приказни, една средновековна, две современи, се огледуваат една во друга и се надополнуваат, истражувајќи теми на љубов, доверба и мајчинство.
 
Филмот во делчевската киносала ке се емитува на 20 и 21 ноември 2019 година, влезот е 100 денари, а почетокот е закажан за 18:00 часот.
 
Младиот актер Ристески за улогата на Милан, кој живеел во 17-ти век, учел од овчарите како се молзат кози и овци, како се ора со волови, неговиот дедо му покажувал како се цепаат дрва… „Како што оди времеот ние младите домашни животни ќе можеме да видиме само во циркус и зоолошка“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*