Мини саем на книги на „Матица“ во ЈЛБ „Илинден“ Делчево

И оваа година во соработка со издавачката куќа „Матица“, Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево организира Мини саем на книги, кој ќе се одржи од 26 до 29 ноември. Саемот како што информираше директорката Билјана Петровска, ќе се одржи во читалната на библиотеката и ќе биде отворен секој работен ден од 7:30 до 18 часот.
 
-Среќна сум, а се надевам дека и голем број наши сограѓани, особено наши читатели ќе бидат среќни, што караванот на „Матица“ се сели повторно во нашата библиотека. Имено, ЈЛБ „Илинден“ во соработка со Лидија Дамјанова, соработник во издавачката куќа „Матица“, организираме мини саем на книги од оваа издавачка куќа, истакна Петровска.
 
Доколку постои интерес, додаде Петровска саемот ќе биде продолжен.
 
-Минатата година саемот што го организиравме беше многу посетен, делчевчани покажаат дека сакаат и да читаат но и да купуваат книги. Се надевам дека и овој пат ќе биде посетен овој мини саем, јас ги поканувам сите наши сограѓани да го посетат, како што реков од 26 до 29 ноември овде во библиотеката на читалната и да одберат книга од огромниот избор на книги што ги нуди издавачката куќа „Матица“, додаде Петровска.
 
Од ЈЛБ „Илинден за во наредниот период најавија уште еден Мини саем на книги пред Нова година како и две промоции на книги.

Од 26 до 29 ноември, „Матица“ со мини Саем на книги во ЈЛБ „Илинден“

Од 26 до 29 ноември 2019, „Матица“ со мини Саем на книги во ЈЛБ „Илинден“

Posted by delcevo365.mk on Thursday, 21 November 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*