Жителите село Драмче, како и гости од Делчево и околните места, денес го одбележуваат празникот посветен на Св.Архангел Михаил. Традицијата и овој пат ги собра мештаните пред истоимената црква, која како што велат делчевските свештеници, од 1994 година е прогласена за заштитено културно наследство од страна на државата. Празникот пак како што додадоа е посветен на ангелот со човечки лик.
-Освен што празнуваме светители ние ги празнуваме и ангелите. Ангелите на различен начин се цртаат во црквите. Свети Архангел Михаил се црта со човечки лик, но затоа со крилјата негови можеме да кажеме дека станува збор за ангел. И оваа година мештаните се собраа кај цркавата посветена во негова чест. Таа уште се вика и шарена црква и заедно со уште две цркви во Делчево, во 1994 година е прогласена за културно наследство на општина Делчево, велат делчевските свештеници.
Мештаните сведочат дека црквата во минатото често била опожарувана од Османлиите и била разрушена до темел, во исто време, кога биле опустошени и црквите во Црквенец , Селник и други населби.
-Центар на црковниот и просветниот живот во Драмче и неговата околина била токму оваа црква која според старите преданија е градена врз темелите на големата црква „Св. Богородица“ од VI-VII век. Се претпоставува дека црквата Св.Архангел Михаил е средновековна, од XI век. Црквата е еднокорабна и е градена со камен и оросан и покриена со камен, а целата внатрешност била со прекрасен фрескоживопис, велат мештаните.
По повод празникот, црковниот одбор од село Драмче подготви заедничка трпеза за сите присутни, а настанот беше збогатен со музичка интерпретација на локални музичари.
Во село Драмче се празнува ,,Св.Архангел Михаил"
Posted by delcevo365.mk on Thursday, 21 November 2019
Leave a Reply