Кадетките на РК „Делчево“ подобри од ЖРК „Брегалница плус“

Денешното градско дерби во женска кадетска конкуренција им припадна на ракометарките на ЖРК „Делчево“, кои со двоцифрена разлика ги совладаа врсничките од ЖРК „Брегалница плус“.

Најдобар поединец во екипата на РК „Делчево“ беше Дарија Спасевска додека Андреа Димитровска се истакна во второто полувреме кај Брегалница плус.

Победата како што истакна тренерот на РК Брегалница плус, Драган Пешовски е резултат на грешките во таборот на условно домашната екипа, додека тренерот на РК „Делчево“ Горан Велков истакна дека овие натпревари се од огромна важност за развој на ракометот во Делчево. Поради технички причини видео материјалот од нивните изјави не сме во можност да ги објавиме, но факт е дека и двајцата се горди што веќе втора година иако во кадетска конкуренција Делчево има дерби дуел во ракомет.

Поради истите технички причини и до отстранување на грешката ви го прикажуваме целиот натпревар со малку измешан распоред во двете полувремиња.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*