Се одржа музичката манифестација „Балканот игра и пее 2019“

Во организација на Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево синоќа во Делчево се одржа музичката манифестација „Балканот игра и пее“. Учество зедоа танцови групи и солисти од неколку градови од Македонија и Бугарија. Методи Толевски, директор на установата изрази задоволство од полната киносала и посетата на публиката која со бурен аплауз го поздравуваше секој настап на учесниците.
 
-Голема благодарност до публиката која дојде во огромен број и ги поддржа младите таленти. Станува збор за музичка манифестација која со присуството на група од Благоевград, имаше Меѓународен карактер. Модерните танци се многу застапени таму што беше и нашата првична замисла кога го започнавме фестивалот, тие нас да не подучуваат на модерни танци, а ние нив на фолклор, истакна Толевски.
Меѓу танцовите групи кои настапија беа и членовите на „Crazy“ од Благоевград, Р.Бугарија, денс составот „Trend Life Vision“ и „Happy Dance Time“ од Штип.
 
-Ние сме од Благоевград и сме танцова група која работи во состав на Народното читалиште „Виртуелен свет“. Прв пат сме во Делчево и пред присутните се претставивме со два современи танци од Латинска Америка, истакна Гергана Костадинова, раководител на танцовата група „Crazy“ од Благоевград, Р.Бугарија.
-Со настап на овој преубав фестивал за прв пат во Делчево се претставивме со неколку точки во модерен балет и фитнес, истакна Даниела Ѓорѓиева Донческа, сопственик и кореограф на составот „Trend Life Vision“ кој го претставуваат членови од Неготино и Демир Капија.
-Ние сме од Штип, втор пат сме дел од „Балкан без граници“. Се претставивме со четири кореографии, „зумба“ латино танци, така што се надеваме дека повторно ќе бидеме дел од овој настан, истакна кореографот ана „Happy Dance Time“ од Штип.

Освен танцовите групи на музчката манифесатација со познати композиции се претставија и пијанисти и вокални изведувачи од Делчево и Благоевград. За сите учесници по завршувањето на манифестацијата организаторот им додели плакети и благодарници.

Се одржа музичката манифестација „Балканот игра и пее“

Се одржа музичката манифестација „Балканот игра и пее“

Posted by delcevo365.mk on Saturday, 23 November 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*