ПСК „Голак“ во посета на Светите Води во с.Тработивиште

ПСК „Голак“ Делчево, денес ја посети месноста Свети Води (Регион Пијанец – Малеш), месност која е оддалечена 15-тина километри јужно од Делчево, во атарот на селото Тработивиште, односно на 4,6 километри над селото на планината Средна.
 
Самите извори се наоѓаат високо од десната страна на реката Брегалница. Тука од дамнешни времиња постојат три извори кои никогаш не пресушуваат. Сега изворите се адаптирани во чешми за кои локалните жители и луѓето во околните региони веруваат дека имаат лековита моќ. Токму поради тоа местото го добило името Свети Води.
 
За изворите постои и една интересна легенда која ги поврзува со браќата Кирил и Методиј. Се верува дека тие таму ја креирале Глаголицата. Според некои писмени сведоштва во средината на IX век, овде постоела ќелија во која Кирил и Методиј живееле аскетски живот и преведувале грчки црковни книги на словенски јазик.
 
Но, легендата почнува да се граничи со реланоста кога пред неколку години при копање на темели откриени се остатоци од стара градба за која се претпоставува дека е аскетската ќелија на Кирил и Методиј.
 
Обвиткани од убавината на природата за чешмите кои се оддалечени на 10 метри една од друга,се верува дека лекуваат разни болести и заболувања, како на пример нервни растројства, уроци, зацелувања на рани, за децата кои мократ во сон, немирно спиење, главоболка, го бистрат умот и го јакнат телото.
 
Трите извори го носат името на трите светителки, Света Богородица, Света Недела и Света Петка.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*