Берово доби нова пешачка патека на река Брегалница

Во Берово денес пуштена во употреба новата пешачка патека покрај уреденото речно корито на река Брегалница. На настанот присуствуваа Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, Директорот на Центарот за развој на источно плански регион, Драгица Здравева, Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, Претседателот на Совет на Општина Берово, Јован Матеничарски и Советници како и заинтересирани граѓани.

За изградбата на пешачката патека на река Брегалница и уредување на речното корито во Берово, од кафтански мост од лева страна, преку дрвениот мост од другата страна, па се до зградата на ул,,Партизанска”од двете страни, издвоени се 6 милиони денари од Буџетот на Министерството за локална самоуправа како и од програмата за рамномерен регионален развој преку Центарот за развој на Источно плански регион, додека 1 милион денари се обезбедени од Буџетот на општината.

Беровчани, рекреативците, спортистите, пензионерите, но и туристите кои престојуваат овде, добија нов, уреден и опремен простор со комплетна урбана опрема, што можат да го користат како простор за рекреација.

-Преку реализацијата на овој проект е урбанизиран еден доста руиниран дел од Берово, ја збогатуваме туристичката понуда, ја зголемуваме безбедноста на пешаците, воведуваме нови содржини, во рекреативна и спортска смисла а жителите и туристите ќе имаат можност да уживаат во природа на кејот на река Брегалница. Ова е голема инвестиција, која ја заслужуваат жителите на Берово- истакна Градоначалникот Пекевски.

Тој додаде дека, во согласност со временските услови, ќе се работи и на уредување на речното корито, со средства од ИПА Програмата за прекугранична соработка со Бугарија, при што, Кејот на река Брегалница ќе добие сосема друга слика.

Министерот Милевски, истакна дека ваквите проекти се од големо значење за жителите на општината и за развојот на туризмот, посочувајќи дека средствата за рамномерен регионален развој, оваа година Владата ги има дуплирано, од 35 милиони евра во 2017, на 70 милиони евра во 2019 година и со ваква зголемена динамика ќе продолжи и во иднина.

Со овој проект се подобрува целокупната слика за Берово и регионот, како туристички атрактивна дестинација, а новите содржини ќе овозможат развој и на останатите економски гранки.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*