Делегации од 11 општини од Косово во посета на Делчево

Претставници на 11 општини од Косово, здруженија на граѓани и фармери денес во Делчево споделуваа искуства за успешно реализираните проекти со средства кои Европската Унија преку разни фондови ги насочува кон земјите од Западен Балкан. Како што истакна Тони Стоименовски од ЕЛС Делчево, ова е прва посета на Општина Делчево од страна на претставници од Косово.
 -Имавме можност за прв пат да бидеме домаќини на повеќе члена делегација од Косово, кои се интересираат за нашите искуства во делот на  начинот на функционирање и имплементрање на европските проекти. Како еден од клучните услови за добивање европски средства и за нас и за општините од Косово е заедничкото партнерство. Се надевам дека од оваа нивна посета ќе произлезе некоја соработка, пред се во делот на аплицирање на тие европски проекти каде за користење на европските средства како што кажав е задолжително партнерството за да можеме и заеднички да бидеме дел од тие проекти, истакна Стоименовски.
 
Фатос Раифи од организацијата „Преда Плус“, истакна дека искуствата на Делечво ќе бидат добредојдени за понатамошно партнерство во повеќе области.
 
-Ние сме организација која се финансира со помош на Германската Влада и овде сме да најдеме партнери во повеќе области. Нашата делегација од Косово, брои 40 луѓе и претставници на 11 општини од Косово, здруженија, фармерски и земјоделски здруженија кои добиле грантови од нашата организација. Се заблагодаруваме на општина Делчево за деталното образложување на овдешните можности. Ќе ги имаме в предвид овдешните искуства и потешкотии со кои се соочуваат здруженијата при аплицирањето на  Европски проекти, истакна Раифи.
Делчево е само една од општините каде косовската делегација ќе има вакви средби. Од косовската делегација очекуваат соработка и од други општини кои ќе ги посетат до крајот на годината.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*