Дневниот центар во Делчево доби сензорна соба

Дневниот центар за лица со посебни потреби во Делчево, денес доби своја сензорна соба. Сензорната соба е дел од иновативниот проект на Источно-планскиот регион „Здрави деца – сигурна иднина“ со средства од Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа и како што истакна директорот на делчевскиот центар за социјални работи, Душко Михаиловски, е прва од ваков тип во регионот.
 
-Станува збор за посебна просторија во Дневниот центар, специјално дизајнирана околина, која чини 9 илајди евра и која треба да им овозможи на корисниците контролирано да се изложуваат на едно или повеќе сетилни доживувања, со цел да се поттикне сензорната интеграција која е основа за оформување на одговорите кон надворешната средина, рече Михаиловски.
Ваква сензорна соба, како што додаде освен Делчево добија и Штип и Кочани, а вкупната вредност на проектот е околу 1,7 милиони денари.
 
Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби на Дневниот центар подари ЛЕД-телевизор и испрати порака за поголема интеграција на децата со пречки во развојот во образовниот систем и во општеството.
 
-Не треба да затвораме очи пред различностите, туку напротив да создаваме свет без различности. Во таа насока се и активностите кои оваа недела ги организира Општина Делчево во рамките на „Деновите на хуманост-дарувај со љубов“, да ја подигнеме свеста за лицата со хендикеп, но и да ја развиваме филантропијата и општествената одговорност за да отвораме нови перспективи за овие лица, рече Трајковски.
Кога и да помислиме на лицата со посебни потреби, како што истакна Маријана Стоименовска, претседателката на новоформираниот Совет за социјална заштита, не смее да се заборавиме компетенциите што треба да се негуваат кај лицата со посебни потреби.
 
-Советот за социјална заштита кој што беше формиран во ноември имаше за цел да даде акцент на подрачјата кои ќе бидат главна тема по кои ќе истражуваме наши модели, начини со кои ќе иницираме решавање на проблемот кој што во нашата општина е потребно да им се даде на лицата со посебни потреби. Оваа 2019 година во ООН е зацртана со 17 цели, кои даваат можноста на иднината на овие деца да биде поинклузивно и поправично застапување на нивните интереси. ние како заедница во која сите ооппстојуваме и Советот во кој се вклучени сите институции во градот, се секогаш спремни да можеме да им помогнеме каде ќе ги срушиме бариерите на нивната физичка средина и со оваа сензорна соба ќе може да иницираме нивно понатамошно вклучување и во информатичката технологија со цел да бидат покреативни и заедно да соработуваме со нив, истакна Стоименовска.
Дневниот центар денеска го посетија и претставници од НВО-секторот, од бизнис секторот, институции и граѓани во рамки на чија посета од страна на фирмата Трикотажа Сонитекс беа обезбедени подароци за лицата од Дневниот центар.
 
Активностите по повод Неделата на хуманост продолжуваат вечерва со проекција на филмот „Врба“ од режисерот Милчо Манчевски, настан кој е во организација на НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“ од Делчево.
 
-Минатата година ветивме дека на овие лица нема да се сеќаваме само еден ден во годината и дека се ќе направиме тие лица да се чувствуваат интегрирани во околината во која живеат. Од таа причина вечерва ги поканувам сите граѓани, сите институции и приватниот сектор и љубители на филмот да го проследат филмот на Милчо Манчевски „Врба“ кој го прикажуваме по трет пат а чии средства ќе бидат наменети за Дневниот центар за лица со посебни потреби, истакна директорот на НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“ Методи Толевски.
По вечерашнава кино претстава, „Неделата на хуманост – дарувај со љубов“ во Делчево продолжува на 5 декември со промоција на книгата на лицето со посебни потреби Ана Дедова, настан ко је во организација на ЈЛБ „Илинден“ Делечво.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*