Успешна 2019 година за Црвен крст Делчево

Денес во Делчево се одржа последната крводарителска акција за 2019 година. Во рамки на акцијата собрани беа над 60 крвни единици, а како што информираше Ивана Атанасовска од Црвен крст Делчево, утре ќе се спроведе последната крводарителска акција и со крводарителите од Македонска Каменица.
 
-Во Делчево денес имавме солиден одзив на крводарителите кои и овојпат несебично ја покажаа хуманоста на дело. Бидејки како општинска организација на Црвен крст ја покриваме и Македонска Каменица, ги известуваме тамошните крводарители, дека утре и во нивниот град ќе се спроведе последната акција за оваа година, рече Атанасовска.
Акцијата денес се спроведе во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, чиј претставник Горан Андонов изрази задоволство што Црвен крст Делчево го реализираше годишниот план за крводарување.
 
-И оваа година Делчево ќе го исполни годишпниот план со 100 проценти крводарување. Со секретарот на Општинската организација се договоравме како да ги направиме акциите поуспешни, како да го зголемиме бројот на крводарувања и во Македонска Каменица и мислам дека во тоа и ќе успееме, истакна Андонов.
Во Делчево годинава најголем дел од акциите се спроведоа со граѓанството, додека дел од крводарителските акции беа организирани со учество на средношколците од гимназијата Методи Митевски Брицо, а беа спроведени и неколку акции со претсваници на Министерството за внатрешни работи – Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*