Библиотечниот фонд во деветолетката „Св.Климент Охридски“ во Делчево се дигитализира

Во делчевската деветолетка Св.Климент Охридски од Делчево во тек е постапка на вклучување на училишна библиотека во Националниот библиотечен информациски систем КОБИС. Како што информираше Жаклина Галевска, претставник на Националната Универзитетска Библиотека, училиштето „Св.Климент Охридски“ од Делчево е прво училиште кое ја има започнато оваа постапка, која има за цел да се овозможи електронски приказ и пристап до фондот на книги кој го има училишната библиотека.
 
-Постапката ја започнавме уште минатата година, кога имавме средба во општината, сега ги привршуваме почетните активности за нивната локална база, за да започне нивната библиотека да функционира во системот КОБИС, почнувајки од следната година. Се надеваме дека со оваа активност ќе поттикнеме интерес на младите кај ученциите од ова училиште и кај родителите и со тоа ќе го подигнеме квалитетот во образованието и можностите кои ги нуди училиштето, истакна Галевска.
Во моментот библиотеката во делчевската библиотека, располага со 3800 наслови, од кои најголем дел се стручна литература.
 
-Останатите се книги за лектири за учениците од прво до осмо одделение. Со оваа постапка ќе имаме увид колку книги има во училиштето и ќе имаме подобар преглед со каква литература располагаме, истакна библиотекарот во училиштето Слободан Тренчевски.
Претходно претставниците на Националната Универзитетска Библиотека имаа средба со директорката на Јавната локална библиотека „Илинден“, која од следната година ќе почне со електронско издавање на книги.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*