Одржана манифестацијата „Вапцарови бранувања 2019“

Во Делчево по 12-ти пат се одржа манифестацијата „Вапцарови бранувања“. Настанот како што информираше Љупчо Петровски вработен во Центарот за култура го организираше литературно-трибинската дејност, а е посветен на ликот и делото на Никола Јонков – Вапцаров еден од најголемите поети кои твореле на други јазици освен на македонскиот.

– Денес настапија голем број на поети и поетеси, ученици од основните училишта од Делчево. Децата искажаа голем талент и познавање на пишаниот збор. Нивните песни обилуваа со доста добри текстови од кои можеше да се забележи дека Делчево има таленти кои еден ден ќе станат врвни поети и поетеси. Се гледа дека како резултат на нивната работа со нивните ментори, во училиштата се работи добро по предметот мајчин јазик, истакна Петровски.

За следната година Петровски очекува манифестацијата е да прерасне во Меѓународна манифестација.

-Наша главна цел е да ги афирмираме младите роднокрајните автори од нашето место, но со тек на времето се надеваме дека оваа манифестација ќе прерасне во Републичка, па и Меѓународна манифестација, бидејки тежината на Вапцаров е огромна и ни дава за право да се надеваме дека Вапцаровите бранувања, ќе бидат бренд не само на Делчево, туку и на цела Македонија, додаде Петровски.

„Вапацарови бранувања 2019“ годинава се одржаа со поддршка на општинските основни училишта „Ванчо Прке“ и „Св.Климент Охридски“.

Вапцарови бранувања 2019

Posted by delcevo365.mk on Friday, 20 December 2019

Вапцарови бранувања 2019

Posted by delcevo365.mk on Friday, 20 December 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*