Уништени новогодишни украси во Делчево

Новогодишните светлечки декорации поставени во градскиот парк во Делчево, не ја преживеаја ноќта. Како што изјавија, надлежните, несовесни граѓани ги искинаа поставените светилки на украсниот тунел, со што ја уништија поставената декорација.

– За таа цел како Општина Делчево упатуваме апел до сите граѓани да не ги уништуваат новогодишните светилки и реквизити, кои се поставени за да се разубави новогодишниот празничен амбиент во градот. Освен тоа што уништуваат јавни добра купени со буџетски сретства на Општина Делчево, несовесните граѓани се изложуваат себеси на висок степен на ризик по сопственото здравје и живот, бидејќи ова новогодишно улично осветлување е под висок напон, потенцираа надлежните.

Од општината информираа дека деновиве со цел создавање новогодишна атмосфера во градот нови новогодишни светилки и декорации се поставени во централното градско подрачје, а за прв пат целосно е осветлен булевар „Македонија“ од влезот во Делчево кај бензинската пумпа на „Макпетрол“ до излезот на градот кон селото Ѕвегор.

-За потребите на овие новогодишни декорации претходно се поставени соодветни метални конструкции на канделабрите по должината на булеварот. Со посебни светлечки ефекти исто така се украсени и делови од градскиот парк и паркот Езерце, мостот на река Брегалница и улица „Маршал Тито“ во централното градско подрачје, додадоа од општината.

За новогододишното разубавување на градот, Општина Делчево и Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ издвоија околу 120 илјади денари средства од сопствените буџети.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*