Предновогодишна размена на книги во Делчево

Предновогодино, книжевната дружба со размена на книги и книжевни муабети во Делчево е закажана 🙂

Сите љубители на книги се поканети на 24 декември во слаткарата “Носталгија” во Делчево, со почеток од 17:00 часот, со своите прочитани книги, кои сакаат да ги заменат за нови.

Размената се одвива на принцип “Книга за книга”, односно по желба и видување на читателите.

Ќе биде одлична дружба, присуствувајте 🙂

Настанот е организиран од членовите на фб групата “Размена на книги и книжевни муабети/Book swap and bookish discussions”.

Еве како помина размената на книги минатата година во Делчево

Прва книжевна размена во Делчево

Posted by delcevo365.mk on Friday, 7 December 2018

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*