Поради сообраќајна незгода во прекин сообраќајот на патот Кочани – М.Каменица

Поради сообраќајна несреќа, сообраќајот на патниот правец Кочани Македонска Каменица за тешки товарни возила е во прекин. Според информации на возачи кои чекаат да го продолжат патот кон М.Каменица, на коловозот се наоѓа превртен камион ДАФ, поради што е оневозможено тешки товарни возила да се движат по патот.

-Се пропуштаат само автомобилк додека според она што може да се забележи се чека влечна служба за да се отстрани камионот и сообраќајот да продолжи со нормален интензитет, јавуваат возачи.

Засега нема имформации за повредени лица ниту за причината за превртувањето на приколката на камионот.

Поради влажниот коловоз од подружницата на Македонија пат препорачуваат внимателно возење и на останатите делници од овој патен правец. Од таму додаваат дека на одделни места е можна и појава на одрони.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=711444446047967&id=268787666980316

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*