Се гради нова улица во село Разловци

Во делчевското село Разловци во тек е изградба на нова улица. Како што информираат од општина Делчево станува збор за изградба на улица која поврзува поголем број жители на кои ќе им се решат основни проблеми поврзани со патната инфраструктура.

– Улицата е во должина од околу 150 метри, а согласно со конфигурацијата на теренот и ширината на улицата, изградбата на коловозот е со бетон и со соодветно одводнување на атмосферските води. Оваа нова улица е согласно со ДУП за селото Разловци, а жителите подолго време бараа нејзина изградба, информираат од Општина Делчево.

Средствата за реализација на оваа активност, како што дополнија, се од Буџетот на Општина Делчево во рамките на општиот тендер за изградба на улици во градот.

-Претходната недела, во рамките на овој инфраструктурен пакет кој се реализира со буџетски средства, се асфалтираа две улици во село Тработивиште во должина од околу 400 метри, дополнија од Општината.

Во наредниот период како дел од овој инфраструктурен пакет според плановите на општината спаѓа и изградбата на два крака улици во должина од над 300 метри во село Град.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*