Се одржа првата пензионерско-музичка вечер во Делчево

За прв пат во Делчево вечерва се одржа пензионерско-музичка вечер. Настанот го организираше Здружението на пензионери, а во рамки на културно-уметничката програма, како што информираше Ѓорѓи Ѓорѓиевски, свој настап имаше новоформираната музичка група составена од пензионери кои долго време другаруваат со музиката.

Ние сме новоформирано друштво, нема ни два месеци како постоиме. Успеавме за краток период да го концепираме вечерашниот настап и се надевам дека делумно успеавме во тоа. Присутните имаа можност да видат изведба на гајда, тамбура, ќемане како и вокални интерпретации кои доловија дел од македонското народно музичко творештво, истакна Ѓорѓиевски.

Свој настап на пензионерско-музичката вечер имаше и Илиев Методија, пензионер кој 5 децении свири на ќемане.

-Другарувам со музиката од мали нозе. Свирам на ќемане и инструментот сам го изработувам. Повеќе 50 години се занимавам со музика и за мене тоа е мојата прва љубов, истакна Илиев.

Честитајки им ги празниците на сите пензионери новоформираната музичка група за следната 2020 година најави голем брoј на настапи на сите пензионерски смотри на кои што ќе бидат поканети.

Музичка пензионерска вечер во организација на Здружение на пензионери Делчево

Posted by delcevo365.mk on Friday, 27 December 2019

Сплет македонски народни песни

Posted by delcevo365.mk on Friday, 27 December 2019
Сегменти од првата пензионерска музичка вечер во Делчево!

Сегменти од првата пензионерска музичка вечер во Делчево!

Posted by delcevo365.mk on Friday, 27 December 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*