Делчевка бесплатно шие и дели маски за здравствените работници

Делчевката Марија Јанева Трајкова која со семејството живее во Скопје веќе подолг период изработува разнобојни заштитни маски и капи кои ги донира за потребите на медицинскиот персонал, за затворите, за обичните граѓани и за секој што ќе и побара заштитни средства за борбата против коронавирусот и тоа бесплатно и од срце, како што вели таа.

-Имам направено и подарено над 300 заштитни маски кои се направени од 100 процентен памучен материјал кој е густо ткаен и се пере на 95 степени и може да се кварца за дезинфекција. Подарени се на секој кој има потреба од нив, но најмногу на медицинскиот персонал, кој секако има најмногу потреба од заштитен материјал, вели Јанева Трајкова.

Донира не само од сега, туку секогаш кога може и во многу слични и вонредни ситуации.

-Секогаш кога сум во можност донирам. Имам донирано за време на поплавите во Куманово, во Албанија за време на земјотресите, на разни броеви за донации, без разлика дали се работи за деца или слично, додава Јанева Трајкова.

Нејзината мисија не завршува тука. Вели ќе продолжи да го прави тоа и во иднина, бидејки според неа хуманоста и е дар од Бога. Му се заблагодари на семејството кое многу и помага и има разбирање за нејзината хуманост.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*