Делчевчани подарија 48 крвни единици на денешната крводарителска акција

Успешно спроведена редовната крводарителска акција за месец јули во Делчево. Денес како што информираа од делчевскиот Црвен крст хуманите граѓани ја надминале очекуваната бројка при што делчевчани подариле 48 крвни единици.

  • Акцијата која ја организираше Ошштинската организација на Црвен крст, може да ја окарактеризираме како успешна, бидејки очекувавме од 30 до 40 крвни единици, но и покрај топлото време на изненадување и наше задоволство собравме безмалку 50 крвни единици за што искрено им се заблагодаруваме на дарителите, истакнаа од Црвен крст Делчево.

Акцијата како што додадоа се спроведе во соработка со Институтот за трансфузиона медицина – Скопје и Одделението за трансфузиологија при Јавната здравствена установа ,,Гоце Делчев” од Делчево.

За време на реализирањето на крводарителската акција беа почитувани сите мерки и препораки за заштита од вирусот КОВИД-19. в.с/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*