Јовановска од Берово: И во услови на КОВИД-19 се зголемува побарувачката за работници

И во услови на криза предизвикана од вирусот COVID-19, продолжува побаувачката за работници од страна на работодавачите. Ова при денешната посета на Центарот за вфработување во Берово, денеска го изјави директорката на АВРСМ, Билјана Јовановска која информираше дека за тоа говорат и податоците за огласените слободни места.

-Во моментот огласени се речиси 8000 слободни места од страна на 1090 работодавачи од различни дејности, за потреба од работници од различни занимања, меѓу кои продавачи, шивачи, келнерим, администратори , градежни работници, готвачи, армирачи, обезбедувачи на имот на лица и слично, истакна Јовановска.

Како што додаде, Агенцијата продолжува да ги спроведува активните програми и мерките за вработување дефинирани во Оперативниот план за 2020 година.

-Во изминатиот период април, мај и јуни преку спроведување на мерките од оперативниот план за 2020 година, беа потпишани договори со 3717 правни субјекти за вработување на 3576 невработени лица, од кои 2364 се вработувања преку Младинската гаранција, односно, вработувања на млади лица на возраст до 29 години, додаде Јовановска.

Следејки ги препораките и уредбите од Владата, на ниво на двете општини Берово и Пехчево, само една фирма во делот на угостителската дејност отпуштила вработени, додека во останатите сектори, како што информираше Раководителот на Центарот за вработување во Берово, Љупчо Димитровски бројот на вработени со мерките на Владата се зголемил.

Јовановска од Берово: И во услови на коронавирус продолжува побарувачката за работници, огласени 8000 слободни места

Јовановска од Берово: И во услови на коронавирус продолжува побарувачката за работници, огласени 8000 слободни места

Gepostet von delcevo365.mk am Freitag, 3. Juli 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*