Наумовска: Да ги задржиме младите по завршувањето на школувањето

Предизвиците во образовниот процес во услови на пандемија, но и начините како да се задржат младите по завршувањето на своето образование беа теми на денешниот разговор со заменик-министерката за образование, Елизабета Наумовска која денеска имаше работна средбасо градоначалникот на Делчево Горан Трајковски.

-Денеска дискутиравме за одливот на младите од помалите општини и решенијата како да ги задржиме во своите родни места. Заклучивме дека реформите во стручното образование треба да продолжат и понатму за да создадеме кадар за јакнење на стопанството во помалите општини, истакна Наумовска на својата официјална страница на фејсбук.

На средбата со градоначалникот Горан Трајковски, општинскиот советник за образование и директорите на училиштата стана збор и за предизвиците во образовниот процес во услови на пандемија, но и потребите на училиштата во Делчево во пресрет на стартот на новата учебна година.

-Заменик-министерката Наумовска се запозна со условите во кои работат училиштата во Делчево, предизвиците поврзани со далечинското учење поради актуелната пандемија, уписот на ученици, но и потребата од инвестиции во образовните институции. За време на состанокот заменик-министерката за образование ја запознав со проектите кои се работат на полето образование, актуелните инвестиции во училиштата, како и со поддршката која ја дава Општина Делчево на талентираните ученици и студенти во вид на стипендии, истакна Трајковски. 

Заменик-министерката средбата ја продолжи со посета на општините Берово, Пехчево и Македонска Каменица каде меѓу другото се запозна со инвестициите во основните и средните училишта во овие општини.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*