По 2 децении пензионерите играорци од М.Каменица со сопствени народни носии

За прв пат од 23 годишното постоење членовите на фолклорната група при Здружението на пензионери од М.Каменица добија народни носии. Претседателката на здружението Јаворка Соколовска изрази задоволство што конечно после две децении, пензионерите играорци ќе има со што да ја претставуваат општината, на реномираните манифестации на кои учествуваат.

-Пензионерите играорци порано носеле народни носии додека членувале во КУД ,,Вера Јоциќ”, но ова сега ќе биде прв пат фолклорната група, при нашето здружението да има своја народна носија. Носијата ја порачавме во месец јануари, но поради коронавирусот пристигна деновиве, на огромна радост на сите во здружението, истакна Соколовска.

Носијата како што додава е професионална изработка од лица на кои добро име е познат македонскиот фолклор.

-Изработката на носијата ја доверивме на стручни лица под менторство на Владимир Јаневски, професор на Универзитетот ,,Гоце Делчев” во Штип. Се работи за машки носии за машкиот дел од групата, додека играорките имаат сопствена народна носија, додаде Соколовска.

Набавката на народни носии беше еден од главните приоритети кои пензионерите го посочија во рамки на проектот ,,И старите знаат и старите можат” кој минатата година се спроведе во М.Каменица.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*