Започнува бербата на вишна во Пијанец

Од понеделник започнува бербата на вишна во Пијанец. Добриот род и квалитетната вишна, како што информира овоштарот Мишо Величковски ќе ја окарактеризираат бербата за која ќе бидат потребни и добри работници, за навреме да се заврши истата.

-Бербата конкретно на моите насади ќе се одвива на површина од 9 декари кај местото викано ,,В’ко” во атарот на село Драмче. Квалитетот на вишната е прва класа. Овоштарникот е според систем капка по капка, со сите стандарди. Употребата на препарати за заштита е според програмата на Европската Унија. За сите работници обезбедена е добра цена и услови за работа, така што се надеваме дека бербата ќе заврши во предвиениот рок, вели Величковски.

Од најголемиот производител на вишна од сопствен насад ,,Рудине”, исто така најавија берба на вишната од понеделник. Она што е сигурно како што изјавија од ,,Рудине” е дека вишната ќе се бере машински, а за очекувањата од бербата најавија дополнителни информации во текот на наредната недела.

По модрата слива, вишната е една од најзастапените овошни култури во Пијанец. Поради добриот род и годинава се очекува најголем дел од производството да заврши на европските пазари.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*