Делчево со свој претставник на Меѓународната олимпијада по биологија. Како што информираат од Средното општинско училиште ,,,Методи Митевски – Брицо” , ученичката Верица Ѓеоргиева која годинава беше прогласена за првенец на генерацијата и официјално стана член на екипата, која ќе ја претставува Македонија на 31-та Меѓународна олимпијада по биологија.
-Да се постигне успех на меѓународна олимпијада е многу долг и тежок пат. За да се квалификуваш за учество во македонскиот олимписки тим, мора да си еден од најдобрите. Ова е уште една потврда за заедничките успеси на нашата ученичка Верица и нејзиниот ментор, професорката по биологија Марина Конева. Овој предизвик на светско ниво, за нашата ученичка ќе биде добредојден за влез во водите на високото образование, истакнаа од делчевската гимназија.
Меѓународната олимпијада по биологија (IBO), како што додадоа e престижен натпревар на учениците од средните училишта во знаење и решавање на сложени проблеми во биологијата.

-Како врвен натпревар за учениците по биологија во целиот свет, целта на IBO е да ги идентификува, инспирира, зајакне и поддржува следната генерација на лидери во животните науки и да ја развива нивната меѓународна мрежа, додадоа од СОУ ,,М.М.Брицо”.
Меѓународната Олимпијада по биологија, оваа година требаше да се одржи во Нагасаки, Јапонија, но поради новонастанатата ситуација ќе се одржи онлајн, на 11 и 12 август 2020 година.
Повеќе за олимпијадата на следниот линк:

Leave a Reply